Заштита на слободното изразување и овозможување на сигурна глобална комуникација користејќи технологија со отворен код.

Нашата мисија

Го заштитуваме слободното изразување и овозможуваме сигурна глобална комуникација користејќи технологија со отворен код.

Приватноста пред сè

Со нашиот водечки производ, Signal Messenger, веруваме дека залагањето за приватноста на корисниците значи да ги чуваме вашите податоци далеку од нечии раце, вклучувајќи ги и нашите, а не „одговорно“ да управуваме со вашите податоци.

Отворен код

Како посветен член на заедницата со отворен код, ја објавуваме нашата технологија и споделуваме знаење за да ги охрабриме другите компании да ја усвојат во нивните сопствени производи и услуги.

Непрофитна

Фондацијата Signal е непрофитна организација, класифицирана по 501c3. Горди сме на таа назнака и се стремиме да докажеме дека една непрофитна организација може да иновира и да расте како секоја фирма која е мотивирана од профит.

Фондација и друштво со ограничена одговорност

Фондацијата Signal беше формирана во 2018 за да се поддржи Signal Messenger, кој потекнува од 2012. Преку Фондацијата успеавме да го поддржиме растот на Signal и тековните дејствувања како и да ја истражиме иднината на приватната комуникација.

Приватност пред профит

Signal е непрофитна организација без реклами или инвеститори, поддржана само од луѓето кои ја користат и ценат.

Зошто структура на фондација и друштво со ограничена одговорност?

Ја основавме фондацијата Signal како матично претпријатие на Signal Messenger зашто се стремиме во иднина да промовираме и други проекти за зачувување на приватноста кои се стремат кон истата мисија.

Бесплатно за сите

Зависиме од поддршката на заедницата за Signal Messenger да им се понуди како бесплатна апликација на милиони луѓе низ светот. Ќе ја поддржите ли оваа кауза?

Членови на одборот

Портрет на Амба Как

Amba Kak

Амба Как е адвокат и експерт за технолошки политики, со преку децениско транснационално искуство во советување на владини регулатори, индустрии, граѓански здруженија и филантропски организации. Моментално е извршен директор на институтот AI Now, водечка организиција за истражување на политиките во Њујорк и виш соработник на Институтот за сајбер безбедност и приватност на универзитетот Нортистерн.

Амба имала функција на виш советник во Федералната трговска комисија на САД каде го советувала регулаторот за новите технолошки прашања. Пред AI Now, Амба била советник за глобална политика во Mozilla каде што ги развила и унапредила ставовите на организацијата за прашања како што се законите за приватност на податоци и неутралноста на интернетот во азиско-пацифичкиот регион и пошироко. Моментално е член на комисијата за програма на Управниот одбор при Фондацијата Mozilla. Амба се стекнала со диплома од Националниот универзитет за правни науки во Индија. Има магистратура по право и магистратура по општествени науки за интернет од Универзитот во Оксфорд, на кој студирала како стипендист на Роудс.

Портрет на Брајан Актон

Brian Acton

Брајан Актон е претприемач и компјутерски програмер кој е еден од основачите на апликацијата за допишување WhatsApp основана во 2009. Откако апликацијата беше продадена на Facebook во 2014, Актон одлучи да ја напушти компанијата поради несогласувања околу употребата на кориснички податоци и таргетирано рекламирање за да се посвети на потфати во непрофитниот сектор. Во февруари 2018, Актон инвестираше 50 милиони долари од сопствени пари за да ја основа фондацијата Signal заедно со Мокси Марлинспајк. Фондацијата Signal е непрофитна организација посветена на основната работа која е потребна за приватната комуникација да е пристапна, безбедна и сеприсутна.

Пред основањето на WhatsApp и фондацијата Signal, Актон работел како развивач на софтвер повеќе од 25 години за компании како Apple, Yahoo и Adobe.

Портрет на Џеј Саливан

Jay Sullivan

Џеј е создавач на производи со опширно искуство во виши производни и водечки инженерски позиции во технологијата за потрошувачи. Неодамна, тој беше генерален директор на производите за потрошувачи и приход на Twitter, водејќи инженерство, производи, дизајн, истражување и наука за податоци. Пред Twitter, Џеј работеше за Facebook, каде го водеше развојот на AI Assistant на Reality Labs а потоа ги водеше тимовите за Приватност, Интегритет и Системи за Messenger и Instagram Direct. Џеј беше виши потпретседател на производство и главен оперативен директор во Mozilla, каде ги водеше главните ажурирања на верзијата на Firefox во неговиот подем и бил поборник за веб платформата и за да им се овозможи на луѓето повеќе избор и контрола онлајн.

Џеј исто така бил и основач на стартап компанија и го поминал раниот дел од својата кариера како софтверски инженер и инженерски менаџер во Firefly Network (преземено од Microsoft) и Oracle.

Џеј има диплома за применета математика од Колеџот Јеил и е ко-пронаоѓач на неколку патенти во САД.

Портрет на Кетрин Мар

Katherine Maher

Кетрин Мар е поранешен извршен директор на Фондацијата Викимедија, одговорна за Википедија. Моментално е надворешен виш соработник на Атланскиот совет, каде што нејзината работа се фокусира на вкрстувањето на технологијата, човечките права и демократијата. Пред Викимедија, била Директор за застапување во организацијата за дигитални права Access Now. Мар е мандатар на Советот за надворешни односи, младински глобален лидер на Светскиот економски форум и безбедносен соработник на Проектот за национална безбедност Труман. Таа е член на управниот одбор на Центарот за технологија и демократија, Consumer Reports, Народната дигитална библиотека на Америка, Adventure Scientists и System.com, како и советник на Американскиот универзитет во Бејрут. Таа е назначен член на Одборот за надворешна политика на американскиот стејт департмент, каде што го советува државниот секретар за технолошки политики. Добила диплома за Блискиот Исток и исламски студии во 2005 на Колеџот за уметности и науки при Унверзитот Њујорк, откако завршила студии на Институтот за арапски јазик во Американскиот универзитет во Каиро, Египет и Францускиот институт за арапски студии на Дамаск (L'IFEAD), во Дамаск, Сирија.

Портрет на Мередит Витејкер

Meredith Whittaker

Мередит Витејкер е претседател на Signal и член на управниот одбор на фондацијата Signal.

Има повеќе од 17 години искуство во технологија кое ја опфаќа индустријата, академијата и владата. Пред да се придружи на Signal како претседател, таа била истражувач-професор на Minderoo на универзитетот Њујорк (NYU) и била директор на настава на институтот AI Now, чиј соосновач е. Нејзината истражувачка и научна работа помогнала да се обликува глобалната политика за вештачка интелигенција и да се смени јавната перспектива за вештачката интелигенција, со цел подобро да се разберат практиките на надзор и концентрација на индустриските ресурси што ги бара вештачката интелигенција. Пред универзитетот во Њујорк, работела за Google повеќе од една деценија, каде ги водела тимовите за продукти и инженеринг, ја основала групацијата Google's Open Research и била соосновач на M-Lab, глобално дистрибуирана мрежна платформа за мерење која сега е најголемиот светски извор на отворени податоци за интернет перформанси. Исто така помогнала и во водењето на организaцијата во Google. Била една од главните организатори кои се противеле на неадекватниот одговор на компанијата во врска со загриженоста за вештачката интелигенција и нејзината опасност, а била и централен организатор на масовното напуштање на Google. Била советник на Белата куќа, Федералната комисија за комуникација на САД, градот Њујорк, Европскиот парламент и многу други владини и граѓанско општествени организации за приватност, безбедност, вештачка интелигенција, политики за интернет и мерење. Неодамна го заврши мандатот како виши советник за вештачка интелигенција на претседавачот на Федералната комисија за трговија (FTC).

Емеритус

Портрет на Мокси Марлинспајк

Moxie Marlinspike

Мокси Марлинспајк е основач на Signal.