Да развиеме технологија за приватност со отворен код која го штити слободното изразување и овозможува сигурна глобална комуникација.
Со нашиот водечки производ, Signal Messenger, веруваме дека залагањето за приватноста на корисниците значи да ги чуваме вашите податоци далеку од нечии раце, вклучувајќи ги и нашите, а не „одговорно“ да управуваме со вашите податоци.
Како посветен член на заедницата со отворен код, ја објавуваме нашата технологија и споделуваме знаење за да ги охрабриме другите компании да ја усвојат во нивните сопствени производи и услуги.
Фондацијата Signal е непрофитна организација, класифицирана по 501c3. Горди сме на таа назнака и се стремиме да докажеме дека една непрофитна организација може да иновира и да расте како секоја фирма која е мотивирана од профит.
Ја основавме фондацијата Signal како матично претпријатие на Signal Messenger зашто се стремиме во иднина да промовираме и други проекти за зачувување на приватноста кои се стремат кон истата мисија.
Зависиме од поддршката на заедницата за Signal Messenger да им се понуди како бесплатна апликација на милиони луѓе низ светот. Ќе ја поддржите ли оваа кауза?
Ја основавме фондацијата Signal како матично претпријатие на Signal Messenger зашто се стремиме во иднина да промовираме и други проекти за зачувување на приватноста кои се стремат кон истата мисија.
Зависиме од поддршката на заедницата за Signal Messenger да им се понуди како бесплатна апликација на милиони луѓе низ светот. Ќе ја поддржите ли оваа кауза?
Брајан Актон е претприемач и компјутерски програмер кој е еден од основачите на апликацијата за допишување WhatsApp основана во 2009. Откако апликацијата беше продадена на Facebook во 2014, Актон одлучи да ја напушти компанијата поради несогласувања околу употребата на кориснички податоци и таргетирано рекламирање за да се посвети на потфати во непрофитниот сектор. Во февруари 2018, Актон инвестираше 50 милиони долари од сопствени пари за да ја основа фондацијата Signal заедно со Мокси Марлинспајк. Фондацијата Signal е непрофитна организација посветена на основната работа која е потребна за приватната комуникација да е пристапна, безбедна и сеприсутна.
Пред основањето на WhatsApp и фондацијата Signal, Актон работел како развивач на софтвер повеќе од 25 години за компании како Apple, Yahoo и Adobe.
Мокси Марлинспајк е основач на Signal.
Мередит Витејкер е претседател на Signal и член на управниот одбор на фондацијата Signal.
Има повеќе од 17 години искуство во технологија кое ја опфаќа индустријата, академијата и владата. Пред да се придружи на Signal како претседател, таа била истражувач-професор на Minderoo на универзитетот Њујорк (NYU) и била директор на настава на институтот AI Now, чиј соосновач е. Нејзината истражувачка и научна работа помогнала да се обликува глобалната политика за вештачка интелигенција и да се смени јавната перспектива за вештачката интелигенција, со цел подобро да се разберат практиките на надзор и концентрација на индустриските ресурси што ги бара вештачката интелигенција. Пред универзитетот во Њујорк, работела за Google повеќе од една деценија, каде ги водела тимовите за продукти и инженеринг, ја основала групацијата Google's Open Research и била соосновач на M-Lab, глобално дистрибуирана мрежна платформа за мерење која сега е најголемиот светски извор на отворени податоци за интернет перформанси. Исто така помогнала и во водењето на организaцијата во Google. Била една од главните организатори кои се противеле на неадекватниот одговор на компанијата во врска со загриженоста за вештачката интелигенција и нејзината опасност, а била и централен организатор на масовното напуштање на Google. Била советник на Белата куќа, Федералната комисија за комуникација на САД, градот Њујорк, Европскиот парламент и многу други владини и граѓанско општествени организации за приватност, безбедност, вештачка интелигенција, политики за интернет и мерење. Неодамна го заврши мандатот како виши советник за вештачка интелигенција на претседавачот на Федералната комисија за трговија (FTC).